Меѓу играчите кои во иднина ќе треба да го понесат товар и да ја водат репрезентацијата на своите раменици е и ракометарот на Металург, Филип Кузмановски, кој се најде меѓу најдобрите млади ракометари на ЕП во Хрватска. Покрај Кузмановски меѓу избрание се и: Дика Мем (Франција), Симон Јепесен (Шведска), Станислав Кашпарек (Чешка), Милош Јовановиќ (Србија), Јанус Дал Смарасон (Исланд), Алиаксандар Падшвалов (Белорусија), Филип Хенингсон (Шведска) и Урх Кастелиќ (Словенија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.