Нема да го препознаете. Филип Кузмановски фотографиран во 2012, кога бил член на ракометниот клуб Пелистер, јуниори… И тогаш играше лев бек и како што гледате сеуште си ја носи среќната 18-ка.
Со бројот 18 на грбот, бројот кој пред него го носеше еден од најдобрите ракометари во историјата на Македонија, Наумче Мојсовски, херојот од натпреварот на Македонија со Црна Гора, Филип Кузмановски покажува дека можеби е неговиот вистински наследник.
Момчето од Битола кое има само 21 година вчера со пет гола ја предводеше македонската репрезентацијата на Македонија до важна победа против Црна Гора.
Кузмановски своите први чекори ги прави во битолската гордост Пелистер, каде неговиот талент се гледа уште на стартот, а во 2015 година Лино Червар решава да го земе во Металург, каде го покажува својот потенцијал, а за него сега се интересираат и многу европски тимови.
Последните информации велат дека за Кузмановски има голем интерес од Германија, посебно со тимот на Магдебург, но одредени информации го поврзуваа и со Вардар, нешто што македонските фанови сигурно би сакале да се случи, еден од нашите најдобрите да дојде кај најдоброто од Европа.
Кузмановски за репрезентацијата на Македонија дебитираше во 2015 година и од тогаш се виде неговиот потенцијал, според многумина токму тој, заедно со Филип Талески треба да бидат водачите на македонската репрезентација во иднина, да бидат водачи на генерацијата која ќе ги продолжи успесите на оваа генерација.
Тој е роден во Битола на 3 јули 1996 година, кариерата ја започна во гордоста на овој град Пелистер, а на 18 години се пресели во Металург од Скопје. Висок е 1.98 метри и тежок 100 килограми.
извор: babambitola.mk/ sportm.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.