| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: И покрај ветувањата на Владата нема суштински напредок во земјава (видео)

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Брисел, оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан. На средбата разговарале за интегрирањето на Република Македонија во рамките на Европската Унија, како и за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но, како што велат од партијата, за жал нивното случување заостанува.

-Сето тоа некако претставува една добро слово на хартија на имплементацијата. Не можеме да ја почуствуваме и не се случува. Злоупотребата на моќта од страна на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз, лошите економски потези, лошите реформи во економијата, уназадувањето на економијата. Исто така гледаме дека ништо не се случува од аспект на реформите во судството и судскиот систем. Со еден збор кажано асолутно го понудивме сиот наш човечки и административен потенцијал како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да допринесеме и да дадеме вредност на она што се вели што е можна побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија – изјави Мицкоски.

Тој додава:

Секако станува збор и за долгогодишниот спор за името којшто го има нашата држава со соседна Република Грција. Го запознавме еврокомесарот Хан за содржината на средбата која што ја имавме пред некој ден во клубот на пратениците, со владините претставници со Претседателот Иванов, со водството на ДУИ, господинот Ахмети. На самиот состанок како што рековме, за нас беше од информативен карактер, конечно дознавме за што станува збор. Го видовме предлогот кој што господинот Нимиц го има доставено до преговарачите, кој што повеќе или помалку и е познат на јавноста. Но исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Мицкоски во Брисел оствари средби со европратеници и генералниот секретар на ЕПП (видео)

Било потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и национални интереси.

-Со жалење може исто така да констатираме од она што можеме да го прочитаме деновиве по медиумите, дека за решавање на овој долгогодишен спор помеѓу нашата земја Република Македонија и соседна Република Грција. Сеуште во општеството и помеѓу политичките конкуренти во соседна Република Грција не постои консензус – додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top