| четврток, 6 декември 2018 |

Шест Греми за Бруно Марс (видео/галерија)

Најпрестижните музички награди Греми поминаа во знакот на Бруно Марс, кој ги освои главните награди вечерта и во знак на борбата против сексуално злоставување, а присутните движењето го подржаа носејќи бели рози.
На јубилејното, шеесетто издание на наградите Греми што се одржаа во Њујорк, американскиот пејач, текстописец и продуцент Бруно Марс освои шест награди, меѓу кои наградите за албум на годината за „24KMagic”, снимка на годината за главната нумера на споменатиот албум и за песна на годината за „That’s What I Like”.

Џеј Зи „нокаутиран“

Музичарот, кој има 32 години, на доделувањето на наградите во неделата вечер победи неколку номинирани фаворити, вклучително и Џеј Зи и Кендрик Ламар, за главното признание, албум на годината. Џеј Зи, кој имаше осум номинации, вечерта излезе не баш пријатна, зашто тој остана без главните награди. Ветеранот на хипхопот, кој веќе 21 пат има освоено Греми, во три водечки категории изгуби од Бруно Марс и во три подкатегории од калифорнискиот рапер Кендрик Ламар.

Ламар освои пет златни грамафона, за четири рап категории и за најдобро видео за „Humble“. Тој исто така ја отвори церемонијата со изведба на песната „XXX“ со Боно од „ЈуТу“ и група млади луѓе облечени во црно со маски.

Наградена една жена

Во екот на движење за рамноправност, против сексизам и сексуално насилство, со кампањи како „И јас“ и „Времето истече“, Алесија Кара ја освои наградата за најдобар нов уметник и со тоа беше единствена жена која зема некоја од главните награди. Ѕвездите како Леди Гага, Кеша, Лорд останаа со празни раце. Само 17 од 86 награди доделени се на бендови во кои жените се главни пејачки.

Настапи, моменти, мода

Пејачката Кеша моќно го изведе својот сингл „Praying“, кој сведочи за нејзиното искуство како жртва на злоупотреба. На неа на сцената и се придружија неколку колешки – Џинди Лопер, Камила Кабело и Андра Деј.

Леди Гага, Сем Смит, Пинк, Луси Фонси и Деди Јенки беа меѓу музичките уметници кои имаа свој настап вечерта.

Ерик Чрч, Марен Морис и Браќата Озборн ја извадоа „Tears in Heaven“, емотивен трибјут за музичките обожаватели кои загинаа при напади на фестивали и концерти минатата година.

Внимание привлече Бијонсе, седејќи во прв ред со шешир и очила за сонце, како и нејзината ќерка која со гестикулации ја стишуваше да не аплаудира. Таа е шефот, коментираат светските медиуми.

Лејди Гага носеше долго, раскошно црно здолниште, под кое имаше чипкав комбинезон.

Ријана имаше енергичен настап, при кој за малку ќе останеше без облека. Носеше розово фустанче со длабок шлиц и диво танцуваше во ритам инспириран од африканска музика.

<iframe width=”520″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/0cZLo3AAan4″ frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top