Финалистката од ланското издание на Ролан Гарос, Сара Ерани, се прости од настапот на 127. издание на Вимблдон, и тоа на самиот старт од лондонскиот гранслем. Италијанската тенисерка загуби од Порториканката Пуиг, и тоа убедливо со 3-6,2-6.
Најдобар пласман досега за Ерани на Вимблдон е пробив до третото коло во 2010 година и лани, но таа беше апсолутна фаворитка против Порториканката.
Густо, но само во првиот сет беше на дуелот меѓу Ана Ивановиќ и Виржини Рацано. Србинката славеше со 7-6 во тај-брејк, а потоа ја декласира противничката од Франција и го доби вториот сет со 6-0.
Во тек се останатите дуели од премиерниот ден на Вимблдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.