| четврток, 6 декември 2018 |

Руската полиција го уапси Навални на протестот против Путин (видео)

Руската полиција денес го уапси лидерот на опозицијата Алексеј Навални на митингот во Москва, кој го свика во знак на протест поради претстојните избори на кои се очекува мандатот на Владимир Путин во Кремљ да му се продолжи до 2024 година.

Опкружен од приврзаниците, 41-годишниот извика „измамници и крадци“ пред да биде притворен од страна на полицијата, кратко по неодобрениот собир во центарот на градот, во услови на големо присуство на полицијата.

„Јас сум во притвор“, напиша Навални на Твитер. „Ова не значи ништо. Дојдете на Тверскаја (авенијата)“, рече тој, осврнувајќи се на главната магистрална улица во Москва.

„Вие не се собирате за мене, туку за себе и за вашата иднина“.

Поздравувајќи го повикот од омразениот на претседателот Путин „илјадници луѓе во десетици градови се собраа во знак на протест поради претстојните ‘псевдо-избори’“, при што многумина извикуваа и носеа плакати испишани со „Штрајк на гласачите“, пренесе АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top