Според полицијата мега борделите во Банког се виновни за тонењето на градот, за кои се вели дека се шарени бизниси кои незаконски крадат подземни води за “пенливите еротски масажи”. Уништувањето започна кога во салата за масажа на Викторија Сикрет биле пронајдени докази дека местото се наоѓало на локација каде водата нелегално била извлекувана за да се избегне плаќање на скапи сметки за комунални услуги, пренесува “The Sun”.

Оние кои што работеле на случајот исто така, открилe дека во бизнисот се вмешани и малолетни сексуални работнички и биле пронајдени документи за поткуп на властите. Повеќе од 40 салони за “еротски масажи” и огромни бордели со десетици приватни бањи каде што клиентите добиват сексуални услуги, се порверуваат за кражба на вода.

Прекршувањето на прописите за салони за масажи откри уште еден начин на кој озлогласените локации не успеваат да ја сокријат нивната “валкана” работа до крај. Иако проституцијата е технички нелегална во Тајланд, таа е доста толерирана и практикувана, со бордели кои доминираат во одредени области во главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


