Пејачките Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша го коментира христијанскиот празник Велгден. Очекувано, тие имаа различни ставови за празнувањето.
– Велигден? Па, добро, знае Марија, јас не знам, јас сум безбожница, изјавила Карлеуша, на што Шерифовиќ прокоментирала дека таа е бесрамничка.
Карлеуша додала дека иако таа не е верник, во нејзиниот дом се бојадисуваат јајца и празникот се почитува поради децата кои вели дека ги учи да ги почитуваат различностите.
– Моите ќерки знаат за различностите во верите. Често ме прашуваат што значи Бог, а јас им објаснувам дека тоа е колективна шизофренија, зашто тоа е чичко кој никој никогаш не го видел, рекла Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.