| четврток, 6 декември 2018 |

Дали и прилега таков прекар – Карлеуша откри како ја нарекуваат Турците!

Со оглед на тоа дека Душко Тошиќ игра за фудбалскиот клуб Бешикташ, Јелена Карлеуша често престојува во Истанбул.

Карлеуша посебно им е интересна за Турците кои и го дадоа прекарот Јенге што значи во превод снаа. Јелена признава дека не е класична жена на фудбалер, која ништо не прави и ги троши парите на сопругот.

-Тие мислат дека сум будала, зошто многу работам, зошто ним се тоа им паѓа од него, но јас научив. Јас работам од свои 16 години и горда сопственичка сум на кариера долга 22 години. Јас не би можела како нив – да седам дома и да крадам туѓи пари, јас ги бројам своите. Јас се што сакам да купам, си купувам сама – вели Јелена.

Јелена откри дека ширум светот луѓето ја препознаваат, а интересна ситуација имала во центарот на Њујорк кога во познат ресторан и пришла девојка.

-Главно цркињи, јас на нив од некоја причина им се допаѓам – рече Јелана и додаде дека слободно се движи зошто не дозволува да биде роб на шоу бизнисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top