| четврток, 6 декември 2018 |

Коби Брајант ќе игра уште минимум 3-4 сезони во НБА

Дури пред да ја скине Ахиловата тетива во април, ѕвездата на Лејкерс, Коби Брајант, изјави дека ќе игра барем уште 2 сезони во НБА пред да отиде во пензија. И покрај лошата повреда, во едно телевизиско интервју во Бразил, Коби изјави дека се гледа себеси во НБА барем уште 3-4 сезони. Брајант има уште една година од истекувањето на актуелниот договор со Лејкерс. Следната година ќе наполни 35 години, а се надева дека ќе се врати на теренот во ноември или во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top