| четврток, 6 декември 2018 |

Романија е пречката што треба да се совлада за пласман на СП 2019

Романија е противникот кој го доби македонската машка ракомента репрезентација во баражот за Светското првенство (СП) 2019 година кое ќе се игра во Данска и во Германија.

Бараж средбите се играат во средината на јуни годинава, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство во Германија или Данска. Македонија ќе биде домаќин на првата средба, на 6 или 7 јуни, додека реваншот ќе биде една седмица потоа.

Мундијалот ќе се отвори на 10. јануари следната година во Берлин и ќе трае до 27. јануари. Ќе има 24 репрезентации од 5 конфедерации.

Двојки од баражот за СП 2019:

СРБИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
ЛИТВАНИЈА – ИСЛАНД
ЧЕШКА – РУСИЈА
СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА
БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА
ХОЛАНДИЈА – ШПАНИЈА/ШВЕДСКА
НОРВЕШКА – БиХ/ШВАЈЦАРИЈА
ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА

Дуелите на Светското ќе се играат во Копенхаген (Ројал Арена – капацитет 13.700), Хернинг (Јуске Банк Боксен – капацитет 15.000), Берлин ( Мерцедес-Бенц Арена – капацитет 14.800), Келн (Ланксес Арена – капацитет 19.250), Минхен (Олимпијахале – капацитет 12.000), Хамбург (Барклајкард Арена – капацитет 13.300).

Веќе квалификувани селекции се: Данска и Германија како домаќини, Франција како актуелен светски шампион, победникот на финалето на Европското 2018 (Шведска или Шпанија) Катар, Јужна Кореја, Бахреин и Саудиска Арабија како полуфиналисти на Азискиот шампионат 2018 и Тунис, Египет и Ангола како финалисти и третопласирана селекција на Африканскиот шампионат 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top