| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска ја совлада Чешка во дуелот за петтото место (видео)

Хрватска имаше предност од шест гола на полувремето, но на крајот се тресеше да стигне до 28:27 победа над Чешка за освојување на петтото место на домашното Европско првенство.

Во првото полувреме Хрватите направија одлична предност, предводени од фантастичниот Стевановиќ на голот, но опуштањето во финишот на мечот можеше да ги чини победа кога Чесите се вратија на гол разлика на една минута пред крајот.

Златко Хорват беше најдобар кај Хрватите со фантастични 10 гола, пет додаде Игор Карачиќ, а кај Чесите најефикасен беше Ондреј Здрахала со неверојатни 13 гола, со што е најдобар стрелец на првенството со 55 погодоци.

Натпреварот очигледно не успеа да го побуди интересот на домашната публика бидејќи во загрепската „Арена“ имаше едвај 2 илјади гледачи.

Наместо борба за медали, како што очекуваа домаќините, тие се соочија со празни трибини и сега се најавува голема промена во репрезентацијата со повлекувањето на Игор Вори и, најверојатно, последниот натпревар на Лино Червар како хрватски селектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top