| четврток, 6 декември 2018 |

Во Стокхолм автобуси без возачи (видео)

Во Стокхолм се појави автобуси без возачи-се работи за две возила кои превезуваат патници на делницата долга 1,5 километар со брзина 20 км/ч.

Автобусите возат од шопинг центарот „Кист“ до „Викторија тауер“, северно од Стокхолм, немаат волан, но во случај на потреба, со нив може да се управува рачно.

Поради шведските закони, во возилата и понатаму се наоѓа возач, но тој се вклучува во управуавњето само во случај на опасност.

Во самовозачките автобуси има место за 12 лица, а нивното користење е бесплатно, наведуваат шведските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top