| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово прогласи тридневна жалост

Општина Тетово на вонредна седница прогласи тридневна жалост и определи парична помош за семејството Зулбеари, откако во пожар загинаа мајката Фатиме и децата Нермине, Нермин, Вехаб и Аријан. Како што соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, останатите членови на семејството се сместени во станбен објект со помош на поединци кои изразиле желба да бидат хумани и да помогнат околу згрижувањето на таткото Муса Мусли, дедото Сулејман и бабата Ривајет.

Триесет и деветгодишната Фатиме и децата Нермине, Нермин, Вехаб и Аријан загинаа во четвртокот околу 4 часот изутрина, кога во нивниот дом на улицата „Гоце Делчев“ избувна пожар. Тие спиеле на горниот кат, каде што беше забележително е целосно изгорена покривната конструкација. Дедото Сулејман и бабата Ривајет кои спиеле на долниот кат успеале да се спасат, додека таткото Муса не бил дома бидејќи работел трета смена како чувар. Четирите деца во семејството Зулбеари беа на возраст од шест до 14 години.

Од Обвинителството соопштија дека се уште е рано да информираат околу точната причина за настанувањето на пожарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top