| четврток, 6 декември 2018 |

Уште е јануари и депресијата е во пол ек, еве како да се справите со неа

Ако се чувствувате депримирано во јануари, треба да знаете дека не сте сами. Состојбата Seasonal affective disorder (SAD) и меланхолијата по празниците најтешко нѐ погодуваат откако ќе спласне возбудата од прославите.

Оваа состојба погодува најмалку 10 милиони луѓе само во САД. Експертите велат дека има повеќе причини за појава на јануарската депресија.

Секако, има и многу начини како да го избегнете овој сезонски пад на расположението.

-Може да ја смените шемата по која ви се надоврзуваат мислите и така нема да влијаат на вас- вели доктор Дон Мордекаи, експерт за ментално здравје.

SAD има и билошки корени и врз состојбата влијае недостигот на сончева светлина.

Намалениот број на часови со дневна светлина предизвикуваат хаос во телото и тоа влијае врз бројни неврохемикалии. Во темнина, телото произведува повеќе мелатонин, што доведува до поспаност и намалување на енергијата. Од засега непознати причини, SAG почесто ги погодува жените отколку мажите.

Најпогодена старосна група се луѓето од 18 до 30 години, како и луѓето кои живеат поблиску до половите на Земјата.

Покрај временските влијанија, постпразничната меланхолија исто така може да ни ги „замагли“ срцата и мислите.

Повеќето луѓе се зафатени и мислите им се оттргнати на други работи за време на празниците. Меѓутоа, во јануари, како што завршува празничната сезона и го снемува сјајот на сијаличките и веселоста на празничната музика, така спласнува и ентузијазмот. Исто така спласнуваат и парите, бидејќи во овој период сме изложени на дополнителни трошоци, а тоа секако влијае на расположението.

Така, се наоѓате во состојба на емотивна, физичка и финансиска исцрпеност.

Како да се справите со јануарската депресија?

Клучот за добро душевно здравје во секое време, вклучувајќи го и јануари, е да ја „фатите“ депресијата на време пред да ве повлече вртоглаво надолу, велат експертите.

Почнете да мислите на вашата добросостојба уште додека се празниците во ек. Закажете си масажа или купете си со време миризлива сол и опуштете се во топла бања.

Бидете активни. Сигурно ве фаќа и летаргија, но физичката активност ќе ви помогне да не потонете во темни мисли. Вежбајте или едноставно работете нешто по дома: средете го плакарот, преуредете ја кујната или домашната библиотека, зафатете се со некакво хоби во кое ќе ви бидат зафатени рацете.

Бидете благодарни и ширете добрина. Кога ќе почувствувате дека ве напаѓаат црни мисли, помислете на луѓето и нештата за кои сте благодарни во животот. Исто така, направете нешто добро и убаво за некој друг. Добрината што ќе ја направите ќе ви се врати со позитивна енергија. Донирајте облека, помогнете во народна кујна, побарајте хуманитарна организација во која може да волонтирате.

Не заборавајте да разговарате за тоа што ве мачи. Ако гласовите во вашата глава се погласни од вашата мантра за расположение, побарајте пријател и разговарајте. Ако сметате дека разговорот со пријателите или семејството не ви се доволни, побарајте помош од психотерапевт.

Психотерапијата не е знак на слабост, напротив, тоа е знак дека сте свесни дека ви треба помош и сте храбри да се соочите со проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top