| четврток, 6 декември 2018 |

Де­пре­си­ја­та е бо­лест што мо­же да се ја­ви во се­ко­ја во­зраст и пер­и­од од жи­во­тот

Го­ди­на­ва свет­ски­от ден на здрав­је­то бе­ше по­све­тен на де­пре­си­ја­та, а, по пре­по­ра­ка на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја, до­кто­ри­те по се­меј­на и оп­шта ме­ди­ци­на ра­бо­тат под мо­то­то: „Де­пре­си­ја – ај­де да збо­ру­ва­ме“

Де­пре­си­ја­та се ле­ку­ва и па­ци­ен­ти­те што се сом­не­ва­ат де­ка стра­да­ат од оваа бо­лест тре­ба да по­ба­ра­ат по­мош од сво­јот ма­ти­чен ле­кар. Мно­гу е важ­но па­ци­ен­ти­те да има­ат до­вер­ба во сво­јот ма­тич­ни­от ле­кар и да раз­го­ва­ра­ат со не­го би­деј­ќи ма­тич­ни­от ле­кар е еден од глав­ни­те ус­ло­ви­те за ра­на де­тек­ци­ја, пре­поз­на­ва­ња, ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње и на­вре­ме­но ле­ку­ва­ње­то на оваа бо­лест.

Здру­же­ни­е­то на ле­ка­ри по оп­шта ме­ди­ци­на – се­меј­на пра­кти­ка, по по­вод Свет­ски­от ден на се­меј­ни­те и оп­шти ле­ка­ри, спро­ве­доа актив­ност што оп­фа­ќа по­пол­ну­ва­ње пра­шал­ник за са­мо­про­це­на на де­пре­си­ја­та од стра­на на па­ци­ен­ти­те. Пра­шал­ни­кот оп­фа­ќа пра­ша­ња што по­ка­жу­ва­ат да­ли кај па­ци­ен­ти­те по­стои на­ру­шу­ва­ње на не­го­во­то пси­хич­ко, со­ци­јал­но и про­фе­си­о­нал­но на­ру­шу­ва­ње во кон­ти­ну­и­тет од две не­де­ли. Цел­та е да се де­те­кти­ра­ат па­ци­ен­ти со зна­ци на де­пре­си­ја, а од ре­зул­та­ти­те што ќе до­би­јат при поп­ле­ну­ва­ње на пра­шал­ни­ци­те ле­ка­ри­те тре­ба да про­це­нат да­ли се ра­бо­ти за лес­на, те­шка де­пре­си­ја или де­пре­си­ја што има су­и­ци­ден ка­ра­ктер. Пра­шал­ни­ци­те се до­стап­ни кај ма­тич­ни­те ле­ка­ри, а ако ги не­ма, мо­же да се пре­зе­мат од ин­тер­нет.

Го­ди­на­ва свет­ски­от ден на здрав­је­то бе­ше по­све­тен на де­пре­си­ја­та, а по пре­по­ра­ка на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја, до­кто­ри­те по се­меј­на и оп­шта ме­ди­ци­на ра­бо­тат под мо­то­то: „Де­пре­си­ја – ај­де да збо­ру­ва­ме“.

Мен­тал­но­то здрав­је за­ед­но со оп­што­то фи­зич­ко здрав­је е ва­жен пре­дус­лов за здра­ва на­ци­ја. Спо­ред по­да­то­ци­те на Ма­ке­дон­ско­то ле­кар­ско друш­тво, две тре­ти­на од па­ци­ен­ти­те што дош­ле во ор­ди­на­ци­и­те на се­меј­ни­те оп­шти ле­ка­ри има­ат фи­зич­ки симп­то­ми, а дел од нив има­ат симп­то­ми што ука­жу­ва­ат де­ка има­ат де­пре­си­ја, но ги иг­но­ри­ра­ат и отфр­ла­ат, мис­леј­ќи де­ка тоа ќе по­ми­не.

– Па­ци­ен­ти­те не се­ко­гаш са­ка­ат да збо­ру­ва­ат за де­пре­си­ја­та ка­ко бо­лест, но нај­че­сто збо­ру­ва­ат за неј­зи­ни­те ма­ни­фе­ста­ции – ве­ли д-р Хри­сти­на Ле­кса­ро­ска, ко­ја ра­бо­ти ка­ко ма­ти­чен ле­кар во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Спо­ред неј­зи­но­то искус­тво, де­пре­си­ја­та че­сто се ја­ву­ва кај по­ста­ри ли­ца и е по­вр­за­на со не­кои со­стој­би ка­ко што се бо­лест и тоа ср­це­ви за­бо­лу­ва­ња, ди­ја­бе­тес, хро­нич­на бол­ка. На де­пре­си­ја­та вли­ја­ат и те­шки жи­вот­ни на­ста­ни ка­ко што се за­гу­ба на парт­не­рот, ка­ко и на­ма­ле­на спо­соб­ност за пра­ве­ње на ра­бо­ти­те што овие ли­ца ги пра­ве­ле на пом­ла­да во­зраст. Но, де­пре­си­ја­та е бо­лест што мо­же да се ја­ви во се­ко­ја во­зраст и пер­и­од од жи­во­тот.

Да­ли се­меј­ни­те и ма­тич­ни­те ле­ка­ри тре­ба да би­дат пр­ви што ќе ја де­тер­ми­ни­ра­ат де­пре­си­ја­та кај сво­и­те па­ци­ен­ти?

ЛЕСКАРОСКА: Де­пре­си­ја­та е бо­лест што ја ка­ра­кте­ри­зи­ра чув­ство на по­сто­ја­на та­га и на гу­бе­ње ин­те­рес за ра­бо­ти што, ина­ку, са­ка­те да ги пра­ви­те, при­дру­же­ни со нес­по­соб­ност за из­вр­шу­ва­ње на се­којд­нев­ни­те актив­но­сти во пер­и­од од нај­мал­ку две не­де­ли. Се­ка­ко де­ка се­меј­ни­те и ма­тич­ни­те ле­ка­ри се пр­ви­те што ја де­тер­ми­ни­ра­ат де­пре­си­ја­та кај сво­и­те па­ци­ен­ти.

Да­ли па­ци­ен­ти­те зна­ат да ги пре­поз­на­ат зна­ци­те на де­пре­си­ја­та?

ЛЕСКАРОСКА: Нај­че­сто па­ци­ен­ти­те бол­ни од де­пре­си­ја се жа­лат на не­кои од след­ни­ве ма­ни­фе­ста­ции на бо­ле­ста: на­ма­ле­на енер­ги­ја, про­ме­на на апе­ти­тот, спи­јат по­ве­ќе или по­мал­ку од во­о­би­ча­е­но­то, воз­не­ми­ре­ност, на­ма­ле­на кон­цен­тра­ци­ја, не­ре­ши­тел­ност, не­мир, чув­ство на без­вред­ност, ви­на или без­на­деж­ност, раз­мис­лу­ва­ат да си на­ште­тат се­бе­си или да се са­мо­у­би­јат.

Ко­ја е по­пу­ла­ци­ја­та што нај­че­сто стра­да од де­пре­си­ја?

ЛЕСКАРОСКА: Де­пре­си­ја­та че­сто се ја­ву­ва кај по­ста­ри ли­ца и е по­вр­за­на со не­кои со­стој­би ка­ко што се бо­лест и тоа ср­це­ви за­бо­лу­ва­ња, ди­ја­бе­тес, хро­нич­на бол­ка. По­тоа на де­пре­си­ја­та вли­ја­ат и те­шки жи­вот­ни на­ста­ни ка­ко што се за­гу­ба на парт­не­рот, ка­ко и на­ма­ле­на спо­соб­ност за пра­ве­ње на ра­бо­ти­те што овие ли­ца ги пра­ве­ле на пом­ла­да во­зраст. Но, де­пре­си­ја­та е бо­лест што мо­же да се ја­ви во се­ко­ја во­зраст и пер­и­од од жи­во­тот.

Кол­ку мо­же да по­мог­не пра­шал­ни­кот што бе­ше изра­бо­тен за па­ци­ен­ти­те да мо­жат да ја пре­поз­на­ат де­пре­си­ја­та и да по­ба­ра­ат по­мош?

ЛЕСКАРОСКА: Пра­шал­ни­ци­те за са­мо­про­це­на на де­пре­си­ја­та се од го­ле­ма по­мош не са­мо за па­ци­ен­ти­те, ту­ку и за нас, ма­тич­ни­те ле­ка­ри, за­ед­но уште по­ве­ќе да ја доб­ли­жи­ме де­пре­си­ја­та ка­ко бо­лест и отво­ре­но да раз­го­ва­ра­ме за неа. Со нив до­би­ва­ме од­го­вор за те­жи­на­та на де­пре­сив­на­та епи­зо­да. Па­ци­ен­ти­те не се­ко­гаш са­ка­ат да збо­ру­ва­ат за де­пре­си­ја­та ка­ко бо­лест, но нај­че­сто збо­ру­ва­ат за неј­зи­ни­те ма­ни­фе­ста­ции.

Ако ма­тич­ни­те ле­ка­ри се пр­ви­те што би тре­ба­ло да ја пре­поз­на­ат де­пре­си­ја­та кај сво­и­те па­ци­ен­ти, кој сѐ тре­ба да учес­тву­ва во ле­ку­ва­ње­то?

ЛЕСКАРОСКА: Во ле­ку­ва­ње­то, по­крај ма­тич­ни­те ле­ка­ри, кои се на стол­бот за на­вре­ме­но откри­ва­ње на бо­ле­ста, мо­же и тре­ба да учес­тву­ва се­кој. Поч­ну­вај­ќи од најб­ли­ски­те во се­мејс­тво­то, бли­ски лу­ѓе што нѐ поз­на­ва­ат и на кои им ве­ру­ва­ме, па сѐ до пси­хо­те­ра­пе­вти, пси­хо­ло­зи, пси­хи­ја­три и дру­ги спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни здрав­стве­ни и со­ци­јал­ни ра­бот­ни­ци.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Александар Ивановски

(интервјуто е објавено во 248. број на неделникот Република кој излезе во печат на 2 јуни 2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top