| четврток, 6 декември 2018 |

Судот ќе утврдува дали каменот е од Косово или е за кисела зелка

Пратеничката на Двери, Марија Јањушевиќ, најави дека ќе поднесе кривична пријава против директорката на Агенцијата за развој на општината Инџија во Војводина, Ивана Пејовиќ Шеврт, за лажно сведочење во врска со каменот кој го донесе лидерот на Двери во Собранието на Србија, пренесува N1.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, на почетокот на октомври минатата година доенсе камен во српскиот парламент, за кој тврдеше дека е од Косово, но пратеникот на владејачката коалиција Маријан Ристиќевиќ му пренел дека Ивана Пејовиќ Шеврт му рекла дека тоа е камен кој таа и го позајмила на Марија Јањушевиќ за кисела зелка.

Јањушевиќ за Војводинскиот истражувачко-аналитички центар (VOICE) рекла дека изјавата што Ивана Пејовиќ Шеврт ја потпишала на нотар е лажна. Според неа, власта ги ангажирала своите „најбесчесни послушници“ во обид да го минимизира значењето на пораката до јавноста и поддршката на Србите во Косово.

– За време на официјалното потпишување на соработката со организацијата „Татковина“ во Косовска Митровица бевме нападнати со камења, што ни даде идеја еден камен да земеме како спомен. Поради големото внимание кај медиумите предизвикано од парламентарната група на Двери, со симболичното покажување на каменот од Косово и Метохија, режимот ги ангажира најбесчесните послушници да се обидат да го намалат значењето на нашата порака до јавноста и поддршката на Србите во Косово, изјавила Марија Јањушевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top