| четврток, 6 декември 2018 |

„Смртта му беше благослов“: Трагична приказна за Рене од серијата „Ало, ало“

Пред една години почина британскиот актер Горден Кеј, кој стана славен по улогата на Рене во култната тв-серија „Ало, ало“. Горден почина во 76. година од животот, во дом за пензионери, каде што ги помина последните години.

Малкумина знаат дека актерот имаше тежок облик на деменција и дека во последните денови од животот не препознавал никого од семејството и пријателите.

– Зборуваше многу, но ништо од тоа немаше смисла. Стоеше пред нас и зборуваше, но не не препознаваше. Не сум премногу тажен, бидејќи нему смртта му дојде како благослов – вели близок роднина.

За него, наводно се грижела неговата колешка од „Ало, ало“, актерката Сју Хоџ, која ја толкуваше улогата на келнерката Мими со која Рене имаше афера.

– Немаше ниту брат, ниту сестра, само роднини. Никогаш не се ожени и беше сам до крајот. Беше многу осамен – вели роднината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top