На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 30 ноември до 6 декември) се јавиле 1.219 граѓани, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември минатата година кога почна да работи линијата досега имало 65.527 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, респираторни симптоми, зголемена телесна температура, за сезонски вируси, кашлици предизивикани од променливите временски услови. На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.