Во популарната серија на „Би-би-си“ од осумдесеттите глумеа голем број врвни актери, помеѓу кои и Гордон Кеји, кој ја толкуваше улогата на кафеџијата Рене.
Седумдесет и четиригодишниот Гордон Кеји, најпознат по улогата на сопственикот на кафеаната Рене Артоа во серијата „Ало,ало“ повеќе не се занимава со актерство. По неколку пропаднати обиди да го оживее Рене на театарските сцени, решил да се повлече.
Пред две години го имал и последниот обид кога со неколку пријатели изведувале сцени од „Ало, ало“ во театарот „Алхамра“ во Бретфорд. Гостите За 45 фунти гостите, освен скечеви, добивале и вечера од три дела.
Животот на Гордон тргнал по надолнина кога во 1990 година доживеал сообраќајна несреќа, во која покрај другите повреди му биле оштетени и некои центри во предниот дел од мозокот. Поради таа повреда му биле избришани бројни сеќавања и му било потребно да поминат повеќе од десет години за да тој донекаде да ја поврати меморијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.