
Жител на скопското село Трубарево, Д.А. (61), се прободел со нож, а доктор од Итната медицинска помош случајот вчера телефонски го пријавил во Единицата за известување и команда – Скопје.
МВР информира дека по извршениот разговор со таткото на повредениот, тој кажал дека Д.А. во еден момент разочаран и видно изнервиран почнал главата да ја удира во ѕид, по што земал нож и си нанел еден убод во пределот на градниот кош.
Од страна на Итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


