| четврток, 6 декември 2018 |

Му украле опрема за да не им наплати долг со извршител

stop-policija-652

Двајца кратовци не сакајќи извршител да им наплати долг од еден милион денари, на доверителот му украле пет машини за мелење пченица.

СВР Куманово јави дека поднеле кривична пријава за Ј.Т. (46) и А.Т. (32), двајцата од Кратово, управители на ДПТТУ „Џунга Лунга“ ДООЕЛ увоз-извоз Стрезовце за сторено продолжено кривично дело „оштетување туѓи права“.

Во текот на 2011 година, пријавените со намера да спречат наплата на парично побарување од З.С., за време на водење извршна постапка, од нивната фирма отуѓиле пет мелници за мелење брашно, со што спречиле да биде исплатен долгот што го имале кон З.С. во износ од 1.000.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top