Извршителката Моника Муча преку која било изготвено решението за наплата на над 200 евра за долг од казнена камата од 1 денар на скопски пензионер, вчера се сретнала со синот на должникот, објави тој на „Фејсбук“.
-Би сакал да ве известам дека по објавувањето на мојата објава во врска со извршителското решение кое пристигна на адреса на татко ми, денеска се сретнав со извршителката Моника Муча, која е подготвена да излезе во пресрет и да се изнајде решение во согласност со нејзиините законски надлежности за настаната ситација.
Синот на должникот напиша дека дејствијата се започнати на барање на доверителот пред нотар, а притоа тврди дека во ниту еден момент во изминатиот период од речиси 2 години татко му не бил лично известен ниту од доверителот, ниту од нотарот дека има казнена камата од 1 денар, ниту пак дека постојат нотарски трошоци кои прозилегуваат од постапката за наплата на таа камата. „Со објавата немав намера да ѝ нанаесам лична штета на извршителката, туку целиот револт и гнев е изразен кон начинот на кој функциниора целиот систем во кој се поврзани големите доверитлеи, нотарите, адвоактите и извршителите, што најчесто завршува на штета на граѓаните“, напиша тој на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.