Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е задоволен од победата против Романија (32-24), но потенцира дека има и реванш на кој мора максимално внимателно да му е пристапи, ако сакаме да бидеме дел од Мундијалот.
– Некој да ни го понудеше овој резултат пред меч, сигурно ќе го прифатевме со две раце. Среќни сме, задоволни сме, но свесни сме дека можевме и подобро. Направивме некои тешнички грешки. Треба да се одмориме овие два дена и сериозно треба да влеземе и на реваншот во Романија. Имаме солидна разлика. Примивме малку голови 24 и тоа е важно. Ќе направиме добра анализа, за да бидеме подготвени. Секој меч е нов и не треба да размислуваме за тоа колкава разлика имаме од првиот меч – рече Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.