| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија ги промени деновите на викендот

Саудиска Арабија ги промени деновите наменети за викендот и наместо четврток и петок, кои беа досега, оtсега викенд значи петок и сабота. Оваа одлука која беше најавена со кралски декрет е со цел земјата подобро да ја приспособи својата економија со другите земји во светот.

Кралството на овој начин се приклучува кон други нафтени монархии од Заливот, кои во последниве години ги преместија викендите во нивните земји за да бидат поблиску до ритамот на повеќето земји, во кои сабота и недела се неработни денови. На тој начин ги ограничуваат разликите во нивните економии и останатите финансиски пазари.

Промената ќе стапи во сила в сабота, 29 јуни во јавните и финансиски институции, централната банка и берзата, додека, пак, во образованието новиот викенд ќе почне со примена со почетокот на учебната и академската година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top