| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Настеска, прва Македонка во Топ 25 имигранти во Канада

aleksandra nasteskaАлександра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е добитник на наградата Топ 25 имигранти во Канада за 2013 година. Признанието се доделува за значајни и инспиративни достигнувања на канадски имигранти од цела Канада. Наградените ги избираат граѓаните, а ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти. Настеска е првата Македонка што ја добила оваа престижна награда.

Настеска, која е и претставник на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал, од каде шт се пренесува и нејзиното задоволство од наградата:

– Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти. Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата „Јас нема да мразам“ од д-р Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех – вели Настеска и додава:

– Се надевам дека оваа победа ќе придонесе кон зголемување на видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите.

топ канаѓанкаНастеска беше меѓу 600 номинирани и 75 финалисити. Помеѓу добитниците на наградата за оваа година се и Стив Гупта, хотелиер и хуманитарец, Мамдух Шукри, претседател на универзитетот во Јорк и д-р Индира Самаресекера, претседател и проректор на универзитетот во Алберта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top