| четврток, 6 декември 2018 |

Келнерка добила 400 долари бакшиш, а кога отишла да се заблагодари ја дочекало изненадување (видео)

Кајла Кандара е келнерка во два ресторани на Хаваи. Била во лоша финансиска ситуација и поради тоа го напуштила школувањето за да заработи.

Во еден од рестораните каде што работела се појавил пар кој ја прашал од каде е, дали оди на училиште и слично. Таа само им ја објаснила својата ситуација, а потоа на својата сметка видела бакшиш од 400 долари.

За да им се заблагодари таа им испратила букет цвеќе во хотелот во кој биле сместени и не ни сонувала што ќе се случи после тоа.

Парот се вратил во ресторанот и ѝ соопштиле дека ќе ѝ биде платено школување до 10.000 долари.

Овие добри луѓе помогнале да се остварат нечии сониша, а тоа е доказ дека на овој свет сѐ уште постојат такви луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top