| четврток, 6 декември 2018 |

„Си-ен-ен“ советува туристите да го избегнуваат Дубровник

Иако Дубровник е една од омилените дестинации за американските туристи, „Си-ен-ен“ оваа година го означи како локација која треба да ја избегнуваат.

Дубровник заврши на високото трето место од 12-те дестинации кои туристите треба да ги избегнуваат оваа година, по Ијзл од скај во Шкотска и Барселона во Шпанија.

УНЕСКО се заканува дека поради екстремно високиот број туристи во Дубровник може да му го оздезе статусот на светско културно наследство.

Градските власти затоа решија да преземат драстични мерки, па го ограниција бројот на туристи кои ќе се качат на тврдината на 4.000 дневно, а лани во еден ден се искачиле 10.388 луѓе.

Големата популарност на Дубровник стигна откако се расчу дека таму е сниман дел од серијата „Игра на тронови“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top