Иако водеа во поголемиот дел од натпреварот, Чесите не успеаја да им одземат бодови на Германците кои на крај победија со 22-19 во првиот меч од втората фаза на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска.
Во првото полувреме ниту една репрезентација не создаде предност од два разлика, на одморот се замина со водство на Чешка од 10-9. Во второто полувреме Чешка имаше предност и од 18-16, но во финишот Германците направија пресврт, имаа неверојатна серија од 6-0, дојдоа до водство од 22-18, Чешка успеа само да го постигне последниот гол на мечот за конечни 22-19.
Најефикасен во германскиот состав беше Штефен Фат со осум голови, кај Чесите Томас Чип реализираше шест пати.
Денеска од нашата група се игра и натпреварот помеѓу Словенија и Данска, Македонија дури во недела со селекцијата на Шпанија го игра првиот натпревар во Вараждин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.