Според последните информации, капитенот на нашата ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе биде на клупата за вечерашниот меч со Чешка, кој стартува со почеток од 20:30 часот.
Победа во овој меч ќе значи полуфинале на дофат за нашите ракометари. Сеуште нема официјални информации за повредата на нашиот капитен, а според неофицијални информации на “Balkan-handball”, тешко може да се очекува дека Кире ќе заигра на теренот.
Чесите од друга страна се засилија на позицијата пивот. На Земан и Петровски, им се придружи Петр Шлахта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.