Министерството за внатрешни работи соопшти детали за убиството кое во саботата се случи во куќа на улицата „Дижонска” во скопски Чаир.
Според полицијата на убиството му претходела вербална расправија. Наводно жртвата Ж.К. го обвинила осомничениот Ш.М. дека украл од неа неколку работи. За време на расправијата го испрскала со спреј –солзавец, , по што зела стап и почнала да го удира по глава.
Во еден момент, Ш.М. замавнал со нож кон оштетената и и нанел убодна рана во пределот на стомакот.
– Во 23 часот и 13 минути, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза” Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза”, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица, информираат од МВР.
Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка