| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо тренира со повредено око (видео)

Раната на лицето и отокот под левото око не го спречи Кристиано Роналдо да биде дел од денешниот тренинг на Реал Мадрид.

Тренингот беше отворен за јавноста и новинарите, па сите видоа дека Роналдо има повреда поради која не се чувствува комотно, но сепак го одработи денешниот тренинг.

Сепак, Португалецот нема да биде вклучен во тимот за утрешниот меч против Леганес во Купот на кралот, но не поради повредата туку затоа што Зидан реши да му даде одмор.

Зидан на денешната пресконференција ја објасни ситуацијата кога Роналдо побара телефон да ја види раната на среде натпревар, за која имаше лавина коментари.

-Роналдо тоа го направи за да види дали раната е голема и дали може да продолжи да игра. Се останато се само непотребни коментари, изјави Зизу.

Како докторите ја лекуваа повредата на Роналдо? (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top