Веднаш по протестите кои се одржаа во Солун за проблемот што го има Грција со македонската држава реагираше и бугарската партија чии лидер е актуелниот министер за одбрана на Бугарија, Красмир Каракачанов.
Бугарското национално движење реагира на протестите во Грција во однос на името Македонија.
„Грција, не сте во право за Македонија“, пишува на почетокот во соопштението.
Партијата на Каракачанов во соопштението напиша дека и Бугарија исто така може да пројави претензии кон тие имиња и места меѓутоа тие со браќата по крв во Македонија го покажуваат правилниот однос.
„Сега е моментот да потсетиме: пријатели, Грци, на нашиот грб има три лава – Мизија, Тракија и Македонија. Не заборавајте дека кога ја прогонувате Македонија, нè прогонувате и нас. А, ние не се плашиме од тоа. Зошто ја помниме историјата.
А, по повод грчките тврдења, со насмевка ќе се потсетиме на оној едноставен одговор на Вазов (бугарски поет и политичар н.з.): „Македонија е наша!“ напиша партијата на Караркачанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


