| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Цукерберг си купил јахта вредна 150 милиони долари (видео)

Ултралуксузното пловило има платформа за хеликоптер и оди во комплет со 24-метарски брод за поддршка, SUV автомобили и мотоцикли. Марк Цукерберг, чие богатство се проценува на 74 милијарди долари ја видел 107-метарската јахта на саем во Монако, но инсистирал договорот да се склучи тајно. Во последните неколку месеци уживајќи на својата нова јахта добро се „сокривал“ од радарот на медиумите, но сепак во декември не бил „пресретнат“ во Тихиот Океан.

Претходниот сопственик на јахтата бил милијардерот од Нов Зеланд, Греам Харт. Авторитетното списание Forbes го рангира сопственикот на инвестициската компанија Rank Group на 214-то место меѓу најбогатите луѓе на планетата. Харт, е роден во 1955 година, ја започнал својата кариера како возач на камиони, а денес има 7,8 милијарди долари.

Ulysses била изградена во норвешкото бродоградилиште Клевен. Таа може да ја премине половина од планетата без полнење и да ги издржи најлошите метеоролошки услови. На бродот има 15 апартмани за 30 патници кои се сервисираат од 43 членови на екипажот. Максималната брзина на пловилото е 15 јазли (речиси 28 km/h).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top