Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска на својот „Твитер“ профил објави дека Европското првенство е завршено за капитенот на Македонија, Кире Лазаров поради повреда.
Нашиот репрезентативец вчера се повреди во 11-тата минута од натпреварот против Шпанија во рамки на 1.коло од Групата 2 од главната фаза на континенталниот турнир. Лазаров незгодно доскокна по едно додавање кон Гоце Георгиевски и веднаш се фати за задната ложа на десната нога.
Тој веднаш го напушти натпреварот и не се врати во игра. Дали е точен изворот на ЕХФ дека првенството за Лазаров е завршено останува да видиме. Се чека официјална официјална информација од таборот на македонската ракометна репрезентација откако ќе бидат извршени детални прегледи на повредата, за која резултатите се очекува треба да бидат готово попладнево.
It was not a great night for injuries in Varazdin. Both 🇲🇰@LazarovKiril7 and 🇩🇪@PaulDrux are out for the rest of the #ehfeuro2018. We hope to see them both back on court soon! @DHB_Teams pic.twitter.com/xU8NRpNSOS
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.