| четврток, 6 декември 2018 |

Резултатите ќе се знаат попладне: Лазаров е на пат кон Загреб на детални прегледи

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров кој на вчерашниот меч со Шпанија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога, во моментов патува кон Загреб каде ќе му бидат извршени детални прегледи, јавува спорталот Спортмедиа.

По убедливиот прв пораз вчера од репрезентацијата на Шпанија (31-20), селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез на официјалната прес-конференција истакна дека во продолжение од Европското првенство ќе останеме без услугите на Кирил Лазаров.

Од таборот на македонсата ракометна репрезентација известиле дека резултатите од прегледите на капитенот ќе бидат познати попладне.

Македонија ја чекаат уште два важни меча на ЕП за пласман во историското полуфинале, утре против Чешка и во среда против силната Данска, која вчера и го нанесе првиот пораз на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top