НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата „Среќна нова година“ по мотиви на Даниел Хармс и Дејвид Ајвс, во режија на Бојан Трифуновски на 24. 01. 2018 г. ( среда ) со почеток во 20.00 часот.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија и се изведува со титл на македонски јазик.
Сценографија: Љупчо ЈОВАНОВ, костимографија: мр. Елена ВАНГЕЛОВСКА и Антонија ГУГИНСКА ЈОРДАНОВСКА, музика: Ади ИМЕРИ, кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА, асистент на режија: Сибел АБДИУ, а улогите ги толкуваат: Фунда ИБРАХИМ, Несрин ТАИР, Зубејде АЛИ, Емине ХАЛИЛ, Селпин КЕРИМ, Џенап САМЕТ, Неат АЛИ, Аксел МЕХМЕT, Един ЈАКУПОВИЌ и Берхеда РЕШИТ.
-Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта, вели режисерот Бојан ТРИФУНОВСКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.