По се изгледа во текот на утрешниот ден, или најдоцна во понеделник ќе се комплетира една од најзвучните размени во последните неколку години на Островот. Хенрик Мхитарјан ги прифатил условите на Арсенал и се согласил да се пресели на „Емирати“, а во спротивна насока патува Алексис Санчез, кој ќе стане нов фудбалер на Манчестер јунајтед.
Според англиските медиуми се е договорено, а Санчез е веќе пристигнат во Манчестер каде утре ќе има медицински прегледи.
Арсенал и Манчестер јунајтед ќе направат директна размена, што значи дека ниту еден клуб нема да добие отштета за оваа зделка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.