Алексис Санчез по сите изгледи ќе го носи дресот на ПСЖ. Чилеанецот ги договорил условите со францускиот вицепрвак, се чека одговор, односно зелено светло од Арсенал. Според информациите од Франција, Санчез сака да биде меѓу најплатените фудбалери во тимот, се верува дека неговиот агент успеал да изнуди плата од 16 милиони евра годишно.
Венгер сепак ја губи битката околу неговиот најдобар фудбалер, но решен е да не го даде на директниот ривал во лигата, Манчестер сити.
Трансфер во ПСЖ е најприфатлив за сите страни. „Топчиите“ нема да останат со празни раце, најважно за нив беше да не го пуштат Санчез како слободен играч бидејќи договорот му завршува следната година, а вака максимално ќе заработат од неговите квалитети. Санчез ќе настапува во Лигата на шампиони, тоа е најважно за него, а секако ќе се бори и за трофеи, иако кон истото цели и со Арсенал, во Франција сепак ќе има поголеми шанси.
Со доведувањето на Санчез, а се почести се шпекулациите за доведување и на Нејмар од Барселона, тогаш ПСЖ ќе има убиствен напад и ќе биде топ еден фаворит за Лигата на шампионите следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите