Француските спортски медиуми на големо пишуваат дека чилеанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Алексис Санчез, веќе потпишал пред договор со челниците на ПСЖ.
Со самото потпишување на преддоговорот, крилниот напаѓач добил бонус од 10 милиони евра, а откако ќе се пресели на “Паркот на принцовите”, Санчез ќе има годишна плата од 15 милиони евра.
Поранешниот фудбалер на Удинезе и Барселона најверојатно уште во зимскиот преоден рок ќе ја промени клупската средина, а интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на Манчестер Сити, Челзи и на Реал (М).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.