Милионскиот Кејптаун, главниот град на ЈАР до 22 април ќе ја потрожи резервата на вода. Затоа, потрошувачката е ограничена на 87 литри по човек дневно.
На граѓаните им се советува да се тушираат по најмногу две минути, да го ограничат користењето на машини за перење, да ја рециклираат водата во тоалетите и да не користат вода за пиење за полевање на дворовите.
Градоначалничката на градот истакна дека со ова темпо на трошење, домаќинствата ќе останат за воза за околу 3 месеци. Резервите во акумулациите се на 30 проценти, а кога ќе паднат на 13,5, тогаш ќе бидат исклучени домаќинствата, за да се обезбеди вода за болниците и училиштата.
Доколку дојде до таква состојба, на граѓаните им се остава можност да заминат во некоја од 200-те општини, каде би добивале максимално по 25 литри вода од човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.