| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни сцени на „Гудисон“: Рондон му ја скрши ногата на Мекарти, па не можеше да ги сопре солзите (видео)

Денешниот натпревар од Премиер лигата меѓу Евертон и ВБА ќе остане во сенка на страшната повреда на Џејмс Меккарти. Фудбалерот на Евертон кој само што се врати на терените доживеа скршеница на ногата по дуелот со напаѓачот на ВБА, Саломон Рондон.

Во 58.минута, тој сакаше со лизгачки старт да го спречи шутот на Рондон, но заработи удар по кој беше сериозно повреден.

Фудбалерите веднаш сигнализираа да се прекине играта, по што медицинскиот тим брзо влезе на теренот. Додена на Ирецот Меккарти му се укажуваше неопходната помош, а напаѓачот Рондон се расплака чувствувајќи се виновно за тешката повреда на противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top