| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Хрватите се сложуваат со Борко – времето го презгази Лино Червар

Иако мал дел од хрватската јавност го нападна нашиот голман Борко Ристовски по вербалната пресметка со нивниот селектор Лино Червар, сепак најголем од Хрватите се сложуваат со изнесените ставови на нашиот голман дека времето веќе го има згазено Червар.

Имено, еден од најчитаните хрватски портали Индекс.хр, пренесувајќи ги изјавите на Ристовски направи и анкета дали читателите се сложуваат со македонскиот голман, кој вели дека хрватскиот селектор е згазен од времето.

На оваа анкета, гласаа нешто повеќе од 12.000 читатели, од кои дури 80 отсто се сложуваат со она што Ристовски го кажува, а само 20% сметаат дека нашиот голман не е во право.

– Македонија е едно од најголемите изненадувања на ЕП, а голманите Митревски и Ристовски се најголеми јунаци на селекцијата која во вториот круг пренесе три бода, повеќе од актуелниот европски првак Германија, како и од брозената селекција од последното СП, Словенија. Минатата година, пред СП, Червар порача дека мора да ја подмлади репрезентацијата, па на списокот не се најде 35-годишниот Ристовски, пишува хрватски Индекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top