Бразилскиот клуб Сао Пауло до крајот на денот ќе се обиде да ги реализира трансферите на двајца одлични играчи кои подолг период настапуваа во водечки клубови од Европа. Ако за Бразилецот Хернанес и не е изненадување да се врати во татковината, откако не доби вистинска минутажа во редовите на италијанскиот првак Јувентус, тогаш евентуалното заминување на Холанѓанецот Робин ван Перси во Бразил секако ќе претставува изненадувачки потег.
Сао Пауло е подготвен да ги доведе овие двајца фудбалери на позајмица до крајот на сезоната, со можност за дополнително откупување на комплетните договори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.