| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор повреда на славниот напаѓач – Може да остане без левото око (Видео)

Фенербахче денес славеше со 3:1 на гостувањето против Акхисар Генчлик, но остана без својот најдобар играч Робин ван Перси.

Холандскиот напаѓач беше стрелец на првиот гол во 26. минута, но мораше да излезе од игра во 39. минута поради повреда. По три дуели на работ од шеснаесетникот, Ван Перси остана да лежи на тревникот, откако доби удар во левото око.

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед беше изнесен на носилки, а брзо по завршување на натпреварот се дозна дека голема е можноста веќе да не прогледа со повреденото око, барем така велат првичните проценки на лекарите.

van-pers

Медиумите во Турција се преплавени со фотографии од Ван Перси по повредата, а неверојатно е дека на итната помош и беа потребни 15 минути за да дојде до стадионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top