| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија ги скроти „Суперорлите“ од Нигерија (видео)

Светскиот и европски првак Шпанија продолжува со победи на Купот на кофедерациите во Бразил, а третата по ред ја забележи против Нигерија, со 3-0. Жорди Алба на двапати и еднаш Фернандо Торес беа прецизни за заверка на првото место и полуфиналето на Купот. На „црвената фурија“ ѝ следи полуфинална пресметка со големиот ривал Италија.

Уругвај го декласира Тахити со 8-0 и ја испрати дома селекцијата од Океанија со вкупен скор од 1-24 во голови. Абел Ернандес си ја искористи шансата против скромниот противник и постигна 4 гола.  Луис Суарез постигна два погодоци, а по еднаш беа прецизни Перес и Лодеиро. Уругвај ќе игра против домаќинот Бразил во второто полуфинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top