| четврток, 6 декември 2018 |

Боксерот Фатлум Жута со прв медал за Македонија на МИ

Боксерот Фатлум Жута е првиот медалоносец за Македонија на Медитеранските игри, а нашиот претставник во категоријата до 75 килограми со победа од 2-1 против Либиецот Најид Салом си обезбеди полуфинале и бронзен медал. Во боксот сите полуфиналисти имаат гарантирано признание, а поразените ќе се закитат со бронза.

За пласман во финалето Жута ќе боксува против Хосам Абдин од Египет. Македонија за првпат учествува на Медитерански игри, а дебито е во Мерсин, Турција. Засега и кошаркарите имаат шанса за бронза за која ќе се борат задутре против Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top