| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите го напуштија Загреб и тргнаа во поход на Вараждин (видео)

Репрезентативците на Македонија го напуштија Загреб и се упатија кон следната дестинација. Од денеска тие се во Вараждин со надеж дека на 25 јануари одново ќе се вратат во Загреб и ќе продолжат тука со игрите на шампионатот.

Македонија е пријатно изненадување во досегашниот дел од првенството и репрезентација која успеа да освои пет бода во првиот круг и како првопласирана од групата Ц да се пласира во следната фаза каде пренесе три бода. Со овие три поени Македонија е лидер во групата 2 и дефинитивно ќе биде репрезентација која што ќе задава проблеми на сите.

(извор – 24 ракомет)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top