Секоја година се регистрираат 510 000 случаи на рак на грлото на матката, а 288 000 од нив завршуваат со смрт (податоците се според СЗО, јануари 2009 година). Ракот на грлото на матката е втората најчеста причина за смрт од рак во Европа, кај жени на возраст помеѓу 15 и 44 години. За разлика од другите видови, рак на грлото на матката е го предизвикува вирус наречен хуман папилома вирус (ХПВ).
ХПВ е многу чест и лесно се пренесува од едно лице на лице. Постојат околу 100 видови на хуманиот папилома вирус. Одредени типови на овој вирус се способни да ги трансформираат нормалните цервикални клетки во абнормални, кои може да создадат рак на грлото на матката. Овие видови на ХПВ, исто така, ги напаѓаат вулвата, вагината и пенисот, и во некои случаи продолжуваат да формираат канцер на вагината и вулвата. Различните видови на овој вирус предизвикуваат појава на генитални брадавици – знак кој укажува дека постои вирусот.
Се проценува дека 70 отсто од жените и мажите може да дојдат во контакт со ХПВ за време на нивниот живот. За среќа 80 до 90 отсто од случаите, вирусот природно го елиминираат. Сепак, во Европа на секој половина час умира по една жена од рак на грло на матката. Ракот на грлото на матката може да се спречи со вакцинација и со скрининг.
Извор: Борка.орг.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.