| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжи голготата во екипните спортови на МИ, и фудбалерите елиминирани

Македонските фудбалски надежи до 19 години, се елиминирани во првата фаза на Медитеранските игри и тоа со три порази по ред, а последниот го претрпевме вечерва од Тунис.

Со по еден гол во двете полувремиња талентите на Тунис беа подобри и славеа со 2-0.  Со тоа Македонија остана на дното во групата, без бодови и со гол разлика од 3-9.

Со тоа продолжи голготата на македонските селекции во екипните спортови. Елиминирани се фудбалерите, ракометарките и одбојкарите, а иако играат слабо кошаркарите имаат шанса за медал, ако го победат Тунис во меч за бронза. Ракометарите добро почнаа, со победа над Алжир, па и тие имаат шанси да се најдат во завршницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top